Чудна ситуација во Бразил: Великан отпушти тренер по победа од 8:0

Дерби

03/03/2026

11:48

226

Големина на фонт

а а а

Јужна Америка секогаш знае да донесе неочекувани моменти, ситуации, потези кога е во прашање фудбалот, а токму една таква од многуте ни доаѓа од Бразил.

Имено бразилскиот великан и воедно носител на титулата на најдобар клуб во овој дел од светот, Фламенго одлучи да му врачи отказ на тренерот Филипе Луис откако екипата победи со 8-0. Имено Фламенго го здроби составот на Мадуреира со вкупни 11-0 во двомечот од полуфиналето од локалното натпреварување во Рио Де Жанеиро и ќе се бори за трофејот, но без досегашниот стратег Фелипе Луис.

Раководството на клубот одлучи да го отпушти некогашниот член на Атлетико Мадрид и Челси откако извонредно си ја вршеше работата, освои седум титули меѓу кои и онаа во Копа Либертадорес.

На вкупно 101 натпревар имаше учинок од 64 победи, 15 порази и 22 нерешени.

Во оваа 2026 година екипата загуби од Коринтијанс во финалето на Суперкупот на Бразил и од Ланус во Рекопа Судамерикана, порази кои по се донесоа „земјотрес“ и поради Луис на крајот остана без работа.