Арсенал излезе како победник во дербито со Челси, средба во која на свој начин дојде до трите бода и ја сочува предноста во однос на второпласираниот Манчестер Сити.
„Топчиите“ славеа со 2-1, меѓутоа во финишот се доведоа во ситуација да се бранат, спасуваат и тоа кога имаа играч повеќе на теренот што говори дека некои работи мора да се поправат затоа што и на некои други натпревари екипата се наоѓаше во слична ситуација и знаеше да остане без бодови.
- Го чувствуваш тоа, особено на крајот. Престанавме да играме, што беше непотребно, особено кога имавме играч повеќе. Тоа е нешто на кое треба да работиме и да разговараме за тоа. Веќе се случи неколку пати оваа сезона. Го пребродивме и претходно, но имаше неколку пати кога не успеавме.
- Тоа е дел од играта, енергијата во играчите, публиката, анксиозноста. Тоа е нешто на што треба да се осврнеме и да разговараме за тоа, - порача Јуриен Тимбер.
- Од почетокот на сезоната секој настап и секои три бода се важни. Во исто време, слушнав дека остануваат само девет натпревари, но се чини дека сме сè уште толку далеку бидејќи играме во Лигата на шампионите, ФА Купот и Карабао Купот. Има толку многу натпревари за играње, и ако гледаме предалеку напред, станува малку премногу. Засега, се опоравуваме и гледаме на Брајтон, - додаде Холанѓанецот.








