Ова е првата лига што го прифати Венгеровото правило за офсајд, го очекуваат и во остатокот од светот

Точка

02/03/2026

20:23

662

Големина на фонт

а а а

Предлогот за ново правило за офсајд, зад кое стои поранешниот менаџер Арсен Венгер, официјално е одобрен и ќе биде применет во канадската Премиер лига.

Според новото толкување, играчот ќе биде во офсајд само доколку е целосно, односно со целото тело, пред последниот одбранбен играч на противничката екипа.

Тоа значи дека ситуациите повеќе нема да се проценуваат врз основа на поединечен дел од телото, рака, нога или рамо, туку одлуката ќе зависи исклучиво од тоа дали напаѓачот е целосно зад последната линија на одбраната.

Целта на оваа промена е да се намалат контроверзиите и минималните, често милиметарски одлуки што предизвикуваа бројни полемики, како и дополнително да се погодува офанзивната игра.

Доколку новото правило се покаже успешно во Канада, постои можност да биде воведено ширум светот од сезоната 2027/28, што би претставувало една од најголемите промени во модерната историја на фудбалот.