Галатасарај не се прослави во Торино, но го имаше последниот збор и избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Турскиот прволигаш го доби првото соочување со 5-2, во реваншот имаше играч повеќе од 48 минута, ама му дозволи на противникот да даде два гола и да се избори за продолжение во кое Жегрова имаше колосална шанса за 4-0, шанса која не беше искористена за да потоа стигне казната преку Осимен.
Виктор даде погодок во последните мигови од првото продолжение, а неговата реакција беше доста интересна, не се одлучи да слави и во прв момент се здоби впечаток да не се работи за офсајд, поточно дека не е сигурен дали е регуларен погодокот, меѓутоа по повторената снимка се виде дека се е чисто и напаѓачот по мечот беше запрашан токму за оваа ситуација.
- Немав потреба да го правам тоа. Мислам дека беше важно да испочитувам човек за кого се грижам, а кој имаше важна улога во мојата кариера. Очигледно, зборувам за Спалети. Не чувствував потреба да славам.
- Игравме лошо, дури и кога останаа со десет играчи, па немаше причина за славење. Дури и кога го постигнав решавачкиот гол, не чувствував потреба да славам. Не сум таков тип играч, некој што се обидува да ги скрие своите емоции. Ги видов овие луѓе како му аплаудираат на Јувентус за нивната игра. Можам да кажам дека сум среќен, - истакна Нигериецот.
- Морам да бидам искрен, разочаран сум од настапот на тимот, на целиот тим. Морам да му оддам пофалби на Јувентус за играта. Се квалификувавме, но имаме многу да подобриме ако треба да влеземе во следниот натпревар и да играме против големите екипи. Настапот не беше баш добар; Јувентус заслужи да победи, но среќен сум што мојот тим се квалификуваше во наредната фаза, - додаде голгетерот.











