„Фармацевтите“ го избраа Арсенал пред Баерн: Никој не сака…

Дерби

26/02/2026

14:57

252

Големина на фонт

а а а

Утре ќе ги дознаеме паровите за осминафиналето во Лигата на шампионите, фаза во која може да имаме пресметки на клубови од иста земја.

Баер Леверкузен кој во 1/16 финалето се справи со Олимпијакос сака да го избегне ова сценарио, па со оглед на тоа што изборот е Баерн Минхен или Арсенал, тие го посакуваат лидерот во Премиер лигата.

- Од самиот почеток знаевме дека секако ќе се соочиме со врвен клуб. Јас стојам зад моето мислење. Би сакал да не се соочам со германски тим, за да можат доволен број германски тимови да останат во натпреварувањето, - порача Роберт Андрих.

- Мислам дека е малку прерано за германска пресметка. Нема некаков карактер на Лигата на шампионите. Па, ако можам да ја исполнам мојата желба, тогаш Арсенал. Би било малку поинтересно да патуваме во Лондон, а тие да дојдат тука. - рече пак Јонас Хофман.

И спортскиот директор Симон Ролфс има ист став.

- Арсенал би бил добар. Истото го кажав и кога можевме да се соочиме со Дортмунд во претходното коло. Особено што ќе можеме да се сретнеме со двајца од нашите поранешни играчи, Каи Хаверц и Пјеро Инкапие. Никој не сака вакви пресметки меѓу тимови од иста земја, - истакна оперативецот на бундеслигашот.