Доби копачка во глава: Како изгледа лицето на херојот на Аталанта по нокаутот против Дортмунд

Дерби

26/02/2026

13:24

370

Големина на фонт

а а а

Аталанта направи изненадување и успеа да го исфрли тимот на Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите и покрај тоа што првиот натпревар од 1/16 финалето го загуби со 2-0.

Калчолигашот се надмина во реваншот во Бергамо каде длабоко во судиското продолжение дојде до погодок од пенал за 4-1 и место во осминафиналето. Херој на домаќините беше Никола Крстовиќ кој „подметна глава“ и притоа доби удар од Бенсабаини по што со помош на ВАР беше досудена најстрога казна која ја искористи Самарџиќ за големо славје на навивачите.

Крстовиќ остана на теренот и по тој удар, но потоа мораше да добие посериозна лекарска помош, па на социјалните мрежи објави како сега изгледа неговото лице, глава.