Дилета Леота ја изненади јавноста со гостувањето во еден поткаст, каде што откри и интимни детали од љубовниот живот и односот со Лорис Кариус.
Познатата спортска новинарка Дилета Леота го очекува второто дете со партнерот Лорис Кариус, но тоа не ја спречува и натаму да биде една од најкоментираните личности на социјалните мрежи. Иако е во поодмината бременост, атрактивната Италијанка не се откажува од тренинзите и од тесните фустани.
Покрај тоа, таа активно работи и дава интервјуа, а едно од последните привлече огромно внимание, најмногу поради една експлицитна изјава.
Diletta Leotta, la confessione piccante: "A letto mi dò un 10". Poi lancia una frecciatina a Raoul Bova https://t.co/ui1b60Bg9f
— T7 Gossip (@gossip_t7) February 23, 2026
Дилета гостуваше во поткастот на својата пријателка Викторија Кабељо, каде што отворено зборуваше за својот интимен живот.
„Во кревет си давам десетка. Јас сум вулкан, како Етна на Сицилија. Можеби звучам егоцентрично, но Лорис е страстен маж, па совршено се согласуваме. Јас сум личност со фантазија, секој ден сакам нешто поинакво, не сакам да се држам до истото. Потценувањето е една од работите од кои најмногу се плашам. Перцепцијата дека убава жена не е способна да прави одредени работи е прилично иритирачка“, изјави новинарката.
Не помина долго, а нејзината изјава се прошири на социјалните мрежи и веднаш го привлече вниманието на сите што ја следат и ги коментираат нејзините провокативни објави.
















