Карагер ја призна грешката: Тој е како Ширер…

Дерби

26/02/2026

08:27

368

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Карагер постојано го гледаме во улога на аналитичар кога се во прашања случувањата на островот, но и оние во Лигата на шампионите.

Карагер е активен во повеќе медиуми и не се плаши јасно да ги каже своите ставови, но и да се поправи, признае дека згрешил, а токму таков е последниот случај со Виктор Ѓокереш.

Имено тој имаше порачано дека Швеѓанецот не е добар како некои други опции за Артета и Арсенал за да сега сега го спореди Ѓокереш со легендарниот Алан Ширер.

-Она што ми се допаѓа кај Виктор Ѓокереш е неговиот менталитет. Не мислам дека е напаѓач од светска класа или неверојатен напаѓач за Арсенал во следните пет или години. Но, апсолутно го обожавам неговиот менталитет. Нема недостаток на самодоверба кај него, тој едноставно ја добива топката и погодува, тоа е како на Алан Ширер, таков менталитет. Како што рече Гари Невил во коментарот, мислам дека ова е најдоброто што сме го виделе Ѓокереш во дресот на Арсенал, тоа беше апсолутно фантастична завршница, -истакна Џејми и додаде:

-Тој може да биде [клучен]. И пофалби за менаџерот. Чувствував дека мора да се оддалечат од Ѓокереш и помислив дека во одреден момент тоа може да ги чини. Но, менаџерот го поддржуваше недела по недела, а силата што ја покажа во овој натпревар (против Тотенхем) беше многу слична на онаа на Алан Ширер.

-Ги разгледувавме напаѓачите што ги имаше Арсенал и чувствував дека е ниско во рангирањето. Неколку пати бев доста изненаден што Ѓокереш сè уште беше во тимот. Но, фер-плеј кон менаџерот бидејќи го задржа и му се оддолжи во еден од најголемите натпревари на Арсенал во сезоната, -заврши легендата на Ливерпул.