Карагер ја призна грешката: Тој е како Ширер…

Дерби

26/02/2026

11:15

173

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Карагер постојано го гледаме во улога на аналитичар кога се во прашања случувањата на островот, но и оние во Лигата на шампионите.

Карагер е активен во повеќе медиуми и не се плаши јасно да ги каже своите ставови, но и да се поправи, признае дека згрешил, а токму таков е последниот случај со Виктор Ѓокереш.

Имено тој имаше порачано дека Швеѓанецот не е добар како некои други опции за Артета и Арсенал за да сега го спореди Ѓокереш со легендарниот Алан Ширер.

- Она што ми се допаѓа кај Виктор Ѓокереш е неговиот менталитет. Не мислам дека е напаѓач од светска класа или неверојатен напаѓач за Арсенал во следните пет години. Но, апсолутно го обожавам неговиот менталитет. Нема недостаток на самодоверба кај него, тој едноставно ја добива топката и погодува, тоа е како на Алан Ширер, таков менталитет. Како што рече Гари Невил во коментарот, мислам дека ова е најдоброто што сме го виделе Ѓокереш во дресот на Арсенал, тоа беше апсолутно фантастична завршница, - истакна Џејми и додаде:

- Тој може да биде [клучен]. И пофалби за менаџерот. Чувствував дека мора да се оддалечат од Ѓокереш и помислив дека во одреден момент тоа може да ги чини. Но, менаџерот го поддржуваше недела по недела, а силата што ја покажа во овој натпревар (против Тотенхем) беше многу слична на онаа на Алан Ширер.

- Ги разгледувавме напаѓачите што ги имаше Арсенал и чувствував дека е ниско во рангирањето. Неколку пати бев доста изненаден што Ѓокереш сè уште беше во тимот. Но, фер-плеј кон менаџерот бидејќи го задржа и му се оддолжи во еден од најголемите натпревари на Арсенал во сезоната, - заврши легендата на Ливерпул.