Познати се сите потенцијални парови во ЛШ, можно е англиско и германско осминафинале

Дерби

26/02/2026

11:26

330

Големина на фонт

а а а

Со вчерашните четири натпревари беше комплетирана првата нокаут рунда во Лигата на шампионите или поточно конечно ги имаме сите 16 екипи кои ќе играат осминафинале во ова натпреварување.

Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Аталанта, Галатасарај, Атлетико Мадрид, Бодо Глимт, Баер Леверкузен и Њукасл беа клубовите кои го минаат првиот филтер од нокат фазата и им се приклучија на најдобрите осум екипи од групната фаза.

Во петок во Нион е закажана ждрепката за осминафиналето и потенцијалните парови за понатамошната фаза, меѓутоа беше се знаат кои екипи со кој можат да се соочат базирано на досегашните резултати.

Нема никакви пречки и можеме да видиме соочување на клубови од исти земји, па можни се англиски и германски дуели за четвртфинале, поточно да имаме битки Челси-Њукасл и Баерн Минхен-Баер Леверкузен.