Денвер Нагетс им се врати на домашните натпревари во НБА лигата и тоа со дерби победа во соочувањето со Бостон Селтикс.
Клубот од Колорадо прими доста поени во последните три гостински пресметки, но против Селтикс одигра одлично во одбраната и го спушти ривалот на само 84 кошеви (103:84).
Во прв план беше Јокиќ со дабл-дабл од 30 поени и 12 скока, плус додаде уште 6 асистенции. Зад него беше Хардавеј Џуниор со 14 поени, двоцифрени беа уште Стротер, Џонсон и Валанчиунас. Кај поразените Браун и Вајт искомбинираа 43 кошеви.
Детроит Пистонс пак славеше против Оклахома Сити Тандер со 124:116 во соочувањето на двете екипи со најдобар учинок на Истокот и Западот.
Кај шампионот не настапија доста значајни играчи, ама тоа не ја намалува победата на домаќините кои ги имаа одличните Дурен и Канингем со дабл дабл ефекти од 29 поени и 15 скока, односно 29 кошеви и 13 асистенции.
Вилијамс беше прво име кај ОКЦ со 30 поени, 11 скока, 4 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Оклахома 124-116
Мемфис – Голден Стејт 112-133
Торонто – Сан Антонио 107-110
Хјустон – Сакраменто 128-97
Милвоки – Кливленд 118-116
Денвер – Бостон 103-84








