Еден од најневообичаените карневалски обичаи нè води во Грција, во малиот град Галаксиди, каде што во понеделник се одржува вистинска „војна со брашно“.
Облеката веќе е подготвена. Но, не тоа не е некој убав фустан, нова кошула или подобри панталони. Комбинацијата за тој посебен ден има само едно правило: што постара, што понеугледна, што понебитна. Таква подготвена „специјална“ комбинација имаат жителите на малиот грчки град Галаксиди, а ќе ја облечат во понеделник – денот кога во нивното место традиционално се одржува „војна со брашно“.
Градот буквално исчезнува во облак од брашно обоено во различни бои
На последниот ден од покладниот период, кој во Грција се нарекува Розов понеделник, улиците на Галаксиди ќе исчезнат под слоеви брашно, а сите луѓе и сите згради ќе бидат обвиени во облак од бои, прашина и смеа.

Прославата на крајот на карневалскиот период во ова грчко гратче со околу 2.500 жители е една од најнеобичните, но и најфотогеничните во Европа и секоја година привлекува сè повеќе туристи.
Заштитни комбинезони и очила и битката може да започне
Луѓето ќе ја облечат споменатата стара облека, преку неа ќе навлечат заштитни комбинезони, очите ќе ги покријат со заштитни очила, а по „брашнената битка“ сите заедно ќе скокнат во морето.

Најинтересното од сè е што за брашното нема да потрошат ни цент, бидејќи „муницијата“ – брашното обоено во различни бои – ја обезбедува градската власт. На жителите им останува само добро да се забавуваат.
Обичајот има корени од времето кога карневалот бил забранет
Она што денес е безгрижна забава, започнало во 19-ти век како чин на бунт. Како што пишува „Greek City Times“, оваа необична традиција има длабоко историско и пркосно потекло. Обичајот датира од 19-ти век, од времето кога Грција била под османлиска власт. Тогаш карневалските прослави, како дел од христијанската традиција, биле строго забранети, а прекршувањето на правилата се казнувало.

Жителите на Галаксиди, град сместен околу 200 километри од Атина, сепак не прифаќале забрани. На покладниот понеделник излегувале на улиците, ги мачкале лицата со пепел, танцувале и славеле. Тивко, но решително. Токму од тој чин на отпор се развил обичајот познат како алевромуцуѕурумата (alevromoutzouromata), што слободно би можело да се преведе како „брашнесто замачкување“.
Точно напладне звукот на кравјото ѕвоно го означува почетокот на битката
Денес сè е далеку погласно, пошарено и туристички попопуларно. Точно напладне, звукот на кравјото ѕвоно го означува почетокот на војната со брашно. Правила речиси и да нема – кој и да е на улица, нема да биде поштеден! Учесниците најчесто носат заштитни очила и работни одела, бидејќи во воздухот се создава вистински облак од прашина.

Продавниците и куќите се заштитени колку што е можно, но градот сепак на еден ден изгледа како да преживеал експлозија од бои. „Битката“ трае сè додека не се испразни и последната вреќа брашно, а секоја година се трошат неколку тони.
Славјето продолжува во кафулињата и таверните
Градот обезбедува брашно за да можат да учествуваат сите жители, а оние што не сакаат да завршат целосно бели (или црвени, сини, зелени…) овој спектакл го следат од дистанца.


По завршувањето на „борбите“, многу учесници трчаат директно кон морето за да се измијат, додека славјето продолжува во локалните таверни со музика, танц и изобилство на храна – често до раните утрински часови.


Чистењето на градот по фестивалот може да трае и со недели, но изгледа дека никој не се жали. Традицијата е посилна од нередот, а Галаксиди благодарение на неа секоја година привлекува сè поголем број посетители и стана една од најпопуларните карневалските дестинации во овој дел од Европа.




















