Се продава остров што ѝ припаѓал на кралицата Ана: Со него добивате камена куќа и пасишта, цената неверојатна!

Точка

13/02/2026

22:02

498

Големина на фонт

а а а

Приватен остров, кој некогаш бил во сопственост на британското кралско семејство, е понуден на продажба по цена што ја изненади тамошната јавност.

Островот "Ynys Gifftan", со површина од 7,2 хектари, се наоѓа во близина на селото Портмејрион, покрај брегот на северен Велс, а некогаш бил во сопственост на кралицата Ана, која владеела од 1702 до 1714 година.

Интересен прекар

Кралицата го подарила островот – заедно со селска куќа во викторијански стил – на предците на лорд Харлех, поради што го добил прекарот „Подарокот на Ана“. Во таа камена куќа се живеело сè до седумдесеттите години од минатиот век.

Денес островот може да се купи, а почетната цена изнесува 350.000 фунти (околу 400.000 евра), пренесува „Daily Mail“.

Интересно е што до Ynys Gifftan може да се стигне пеш за време на осека, но би морале да минете низ длабока кал. Продавачите истакнуваат дека нуди „простран и недопрен пејзаж со панорамски поглед на брегот и околните планини“.


Камена куќа во пристојна состојба

„Комбинацијата од богато наследство и природна убавина претставува возбудлива можност за купувачи кои сакаат да инвестираат во навистина посебен дел од Велс“, беше наведено.

Камената викторијанска куќа е во пристојна состојба, но ѝ е потребна реконструкција. На имотот се наоѓа и помошна зграда што може да служи како складиште или за други намени.

Доколку се обезбедат потребните градежни дозволи, потенцијалниот купувач добива „ретка и возбудлива можност“ да го обнови и унапреди ова историско здание, се наведува во соопштението.