„Направив 600 тетоважи, во еден момент ослепев“ – сега ги отстранува од лицето, телото ѝ откажува, а вака изгледала претходно

Точка

12/02/2026

19:38

1.176

Големина на фонт

а а а

Амбер Лук од Австралија, позната како „девојката змеј“, откри како изгледала пред естетските зафати и тетоважите, вклучително и модификациите на очите и раздвоениот јазик.

Амбер Лук од Бризбејн, денес позната како „девојката змеј“, призна дека пред естетските интервенции била обична девојка, таканаречена „plain Jane“. Нејзините третмани вклучуваат дури и вбризгување сина боја во очните јаболки, поради што, како што тврди, била слепа три недели.

Амбер, која го користи уметничкото име „Blue Eyes White Dragon“, откри и дека тетоважите на лицето ѝ ги ограничиле можностите за вработување, но тоа не ја запрело во нејзината трансформација.


Екстремни интервенции низ кои поминала

29-годишната манекенка поминала низ низа зафати: зголемување на градите, филери во образите и усните, импланти во ушите, бразилски лифтинг на задникот, како и раздвоен јазик, меѓу бројни други модификации.

На „Instagram“ сподели стари фотографии од себе, без тетоважи на лицето, на кои се насмевнува пред камерите. Амбер откри дека почнала да се тетовира уште како тинејџерка, а една фотографија ја објави од периодот кога имала 20 години, пред лицето и вратот да ѝ бидат покриени со тетоважи.


„Сфатив на 20 години дека, без разлика што правам – општеството ќе ме осудува. Не можев никого да задоволам, па решив да ја земам моќта во свои раце“, напиша Амбер.

„Сакав да се изразам, но не бев задоволна од својот изглед. Дали денес жалам? Не. Сè се случува со причина, понекогаш дури подоцна сфаќаме зошто“.


Планови за отстранување на тетоважите од лицето

Иако стана позната по повеќе од 600 тетоважи, Амбер откри дека некои од нив повеќе нема да ги задржи.

„Август е, 2025 година и моментално ги отстранувам сите 36 тетоважи од лицето – главно затоа што со годините губев и добивав на тежина … тетоважите сега се деформирани и полуизбледени“, призна таа.


Амбер се појавуваше и во медиуми за да зборува за своите модификации, вклучително и брусење на забите и поставување златни „fangs“, а меѓу најболни интервенции ги наведува токму сините очи.

„Буквално ти вбризгуваат боја во окото со шприц. Се прави четири пати по око. Некој го држи окото отворено додека друг вбризгува. Не беше направено како што треба, влезе премногу длабоко. Беше ужасно болно“, објасни Амбер за „Studio 10“.


Исто така, раздвоениот јазик бил една од најстрашните интервенции, која морала повторно да ја направи поради создадено лузно ткиво.

„Доживеав толку шокови што имав напади, а не сум епилептичар“, додаде Амбер.

„Сето ова низ кое поминав ме направи исклучително издржлива и силна“.


Правни проблеми во минатото

Амбер во декември 2020 година призна вина за седум прекршоци поврзани со наркотични супстанции, откако полицијата го претресе нејзиниот дом и пронајде запечатени кеси со марихуана и „MDMA“.