Во 2000-тите заработувал милиони и бил најголем „фраер“: Денес сите со неверување гледаат во него и се прашуваат што му се случило

Точка

04/02/2026

21:00

1.169

Големина на фонт

а а а

Актерот Мет Лебланк, познат како Џои од серијата „Пријатели“, во последните години ретко се појавува во јавноста, а немаме прилика ниту често да го гледаме на малите екрани.

Меѓутоа, деновиве ги изненадил сите кога се појавил тизерот за новата реклама за Супербоул, во која Лебланк ја има една од улогите.

Во рекламата, зад која стои „Dunkin’ Donuts“, повторно соработувал со Џенифер Анистон, неговата колешка од хит-серијата што се емитувала од 1994 до 2004 година. Ним им се придружиле и Џејсон Александер од култниот ситком „Seinfeld“ и Бен Афлек, кој ја има главната улога во рекламата.


Во рекламата Лебланк, Анистон и Александер го прегледуваат проектот на Афлек — касета на која пишува „Network Pilot ’95 v3“, по што Афлек бара нивно искрено мислење за пилот-епизодата што ја снимил во 1995 година.

Лебланк во рекламата изгледал прилично среден — носел кошула, а фризурата му била уредна. Меѓутоа, истиот ден кога бил објавен тизерот, актерот бил снимен во јавност и многумина ги изненадил со изгледот. Тој бил фотографиран во недела пред една бензинска станица во Лос Анџелес.


Носел качкет, дуксер и тренирки. Многумина коментирале дека целосно се запуштил и дека повеќе воопшто не личи на заводникот каков што го паметиме од периодот на серијата „Пријатели“. Мет се здебелил околу 15 килограми, а косата му е целосно побелена.

Од друга страна, има и такви што застанале во одбрана на актерот: „Со оглед на годините, изгледа одлично“, „Сосема е нормално да не изгледа исто сега и пред повеќе од 20 години“.


Инаку, Лебланк се повлекол од Холивуд и се посветил на водење автокуќа. Не се појавил во ниту еден филм или серија по специјалот за повторното обединување на актерската екипа од „Пријатели“.

Неговиот најголем успех сепак останува улогата во серијата „Пријатели“, која имала 62 номинации за Еми награди.