Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс го очекуваат своето прво дете, фановите коментираат: „Се раѓа најдуховитата личност на светот“

Точка

04/02/2026

17:04

353

Големина на фонт

а а а

Ерик, синот на Еди Марфи, и Јасмин, ќерката на Мартин Лоренс, го очекуваат своето прво дете. Среќната вест парот ја сподели во понеделникот со заедничка објава на „Инстаграм“.

„Му благодариме на Исус за најголемиот дар“, напишаа тие покрај фотографиите на кои Јасмин го покажува трудничкиот стомак, додека на една од нив Ерик нежно ја прислонува главата до нејзиниот стомак.

Обожавателите воодушевени

Веста веднаш беше преплавена со честитки и воодушевени коментари од обожавателите. „Да ги имаш Еди Марфи и Мартин Лоренс за дедовци – тоа е живот!“, напиша една личност, додека друга додаде: „Се раѓа најдуховитата личност на светот“.


Трета личност се пошегува: „Ова дете ќе ги има двата најсмешни дедовци на светот! Две комичарски легенди и двајцата одлични татковци. Пресреќен сум за семејствата Лоренс и Марфи“.

Се венчаа минатата година

Ерик Марфи е најстариот од десетте деца на актерот кој го позајми гласот на Магарето во филмот „Shrek“, додека Јасмин е најстарото од трите деца на актерот од серијата „Martin“.

Парот се сврши во ноември 2024 година, а заедно се од 2021 година. Тие се венчаа на интимна црковна церемонија во мај 2025 година.


Гордиот дедо Мартин Лоренс

Мартин Лоренс во понеделникот со воодушевување реагираше на веста на „Инстаграм“.

„Каков прекрасен благослов за почеток на денот! Срцето ми е полно со љубов и благодарност по веста за моето прво внуче“, напиша тој. „Да ги гледам Јасмин и Ерик како ја започнуваат својата родителска приказна ми значи сè“.

Тој додаде: „Семејството е сè – а овој момент е вистински Божји благослов. Добредојде, нова генерацијо!“.


Еди Марфи: „Со такви гени…“

Еди Марфи уште во јули 2024 година, во емисијата „CBS Mornings“, зборуваше за врската на младиот пар. На прашањето што мисли за Јасмин и Ерик, тој рече дека се „навистина одлични заедно“.

„Само рековме: ‘Ова е одлично’. И навистина е така. Двајцата се прекрасни, одлично си одговараат – а смешно е што сите се прашуваат дали тоа значи дека бебето ќе биде смешно“, рече тој низ смеа.

„Со такви гени, детето сигурно ќе има смисла за хумор“.