Американскиот актер Џона Хил ја изненади јавноста со новиот изглед на снимањето на филмот „Outcome“, каде што се појавува со целосно избричена глава и значително послаб отколку претходно. Актерот за многумина бил речиси непрепознатлив.
Џона Хил повторно ги затекна фановите со драстична трансформација поради неговата најнова филмска улога, а овојпат ретко кој можеше да го препознае. Познатиот актер има целосно поинаков изглед на првите фотографии од снимањето на црната комедија „Outcome“, која не само што ја напиша и ја режира, туку и глуми во неа заедно со Кијану Ривс.
#Outcome. Coming April 10 to Apple TV.
— Apple TV (@AppleTV) February 3, 2026
A new film by Jonah Hill starring Keanu Reeves, Cameron Diaz, Matt Bomer and Hill. pic.twitter.com/VzVKme5gFN
На објавените кадри Хил, кој е познат по улогите во хитовите како „Superbad“ и „Wolf of Wall Street“, има избричена глава и седа брада, а изданието го надополнува со витка фигура што значително се разликува од неговиот досегашен изглед.
Овој целосно нов изглед тешко може да се поврзе со Хил каков што го памети публиката.

Новата продукција на „Apple TV“ ја следи приказната за холивудска икона чиј живот се превртува наопаку откако станува цел на уцена со мистериозно видео, што го принудува да се соочи со своите демони и да се обиде да ја спаси кариерата.
Ривс ја толкува главната улога, додека Хил го игра неговиот адвокат, а филмот е опишан како метафора за опсесијата на денешницата – како социјалните мрежи нè наведуваат повеќе да се грижиме за мислењето на странците отколку за оние што навистина нè познаваат.
Ова не е единствениот филмски проект што Хил го подготвува оваа година; веќе претходно беше најавено дека ќе се појави и во уште една комедија, „Cut Off“, во која глуми заедно со Кристен Виг.









