[ВИДЕО] Непријатна сцена на Инстаграм во живо: Норт барала пари, Ким веднаш реагирала

Точка

04/02/2026

19:00

496

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан минатата недела се најде во прилично непријатна ситуација за време на видео-преносот во живо на инстаграм-профилот на нејзината ќерка Норт Вест.

12-годишната Норт во еден момент спомна дека сака пари, што очигледно ја затече Ким, а целата сцена брзо стана тема на расправа на интернет.

„Покажи се затоа што… сакам малку пари.“

За време на лајвот, Норт, најстарото од четирите деца што Ким ги има со поранешниот сопруг Канје Вест, ја повика мајка ѝ да се појави пред камерата.

„Треба да го покажеш лицето затоа што … сакам малку пари!“, рече Норт.

Ким, која во тој момент не беше во кадар, реагираше видно шокирано:

„Што?! Не. Ние не бараме… Не, не, не…“.


Норт брзо сфати дека претерала и кратко одговори:

„Во ред“.

Потоа Ким побара објаснување што точно мислела Норт. Таа почна да објаснува:

„Затоа што, Тикток во живо …“

Со тоа алудираше на можноста на Тикток за заработка преку донации за време на пренос во живо. Но Ким веднаш ја прекина:

„Ова не е Тикток, ова е Инстаграм“.

Потоа додаде:

„Значи, само си се збунила малку? Јас мислев дека од мене бараш пари.“

Мислењето на следбеднице е поделено: Дали Ким реагираше правилно?


Целата ситуација брзо се прошири на социјалните мрежи, а реакциите беа поделени.

Едни ја пофалија Ким затоа што веднаш „повлече линија“ и даде до знаење дека не се бараат пари од публиката.

„Ми олесна кога ја слушнав нејзината реакција. Веднаш беше ’Штооо?‘“, напиша една корисничка.

Други сметаат дека ситуацијата ја решила смирено, без да ја посрами ќерката:

„Ми се допаѓа како рече ’ние тоа не го правиме‘. Мораш да го коригираш детето, ама не грубо“.

Но, некои мислат дека проблемот бил нешто друго.


Од друга страна, дел од луѓето сметаат дека Ким не реагирала затоа што Норт „бара пари од гледачите“, туку затоа што мислела дека ги бара од неа, јавно.

Еден коментар гласеше:

„Подоцна рече ’мислев дека од мене бараш пари‘, што значи дека ѝ беше непријатно само затоа што Норт ја праша неа“.