Откако на годинашното доделувањето на Греми наградите Бед Бани, меѓу другото, ја освои и наградата за албум на годината, по социјалните мрежи масовно се споделува негова фотографија од 2016 година, кога работел во супермаркет. Фотографијата се споредува со оние направени на престижната церемонија.
Имено, пред 10 години Бед Бани, со вистинско име Бенито Мартинез Окасио, работел како касиер во супермаркет во Порторико, а во слободно време снимал песни и ги објавувал на интернет, на самиот почеток од својата професионална музичка кариера.
Bad Bunny 2016 / Bad Bunny 2026 pic.twitter.com/x1Itnlev1d
— san benito (@inbenitowetrust) February 2, 2026
Фотографијата на која се гледа како работи на каса повторно кружи на социјалните мрежи, а корисниците ја споредуваат со неговите гламурозни фотографии од доделата на наградите, со пораки дека никогаш не треба да се откажуваш од своите соништа.
Бед Бани стана познат токму во 2016 година со песната „Diles“, што му донесе договор со издавачката куќа „Hear This Music“.
На годинашните Греми награди, Бед Бани освои неколку престижни признанија. Неговиот албум „Debí Tirar Más Fotos“ ја освои главната награда албум на годината, што е историски момент бидејќи за првпат албум на шпански јазик ја добива оваа награда.
2016 / 2026 pic.twitter.com/m7QAeB5Mmz
— abeelxo (@vladiskld) February 2, 2026
Покрај тоа, тој ја освои и наградата за најдобар урбан музички албум, како и за најдобра глобална музичка изведба.
Во својот говор им се заблагодари на соработниците, семејството, фановите и на својата татковина Порторико. Истакна дека ова признание не е само за него, туку и за сите луѓе кои морале да ја напуштат својата земја за да ги остварат своите соништа.
Бед Бани потоа одржа емотивен говор, во кој порача:
„Пред да му се заблагодарам на Бог, ќе кажам – ICE надвор! Ние не сме дивјаци, не сме животни, не сме странци. Ние сме луѓе и ние сме Американци! Единствената работа посилна од омразата е љубовта. Ако се бориме, мора да го правиме тоа со љубов.“
Пораката „ICE out“ често се користеше во изминатите недели на протестите низ Соединетите Американски Држави, како барање за ставање крај на заострената имиграциска политика на администрацијата на Доналд Трамп.
Претседателот на Америка, инаку, годинава нема да се појави на финалето на Суперболот токму поради Бед Бани, кој треба да настапи во полувремето, како и поради бендот Грин деј.
2016 challenge final boss #GRAMMYs2026 https://t.co/errtGWyzOE pic.twitter.com/rE20aladU8
— claudia irizarry aponte (@clauirizarry) February 2, 2026
„Јас сум против нив“, порача Трамп. „Мислам дека тоа е ужасен избор. Сè што тие прават е сеење омраза. Тоа е страшно.“
Покрај успехот на Греми наградите, Бед Бани на 8 февруари 2026 година ќе настапи на полувремето на Супербоулот, кој ќе се одржи на стадионот „Levi’s“ во Санта Клара, Калифорнија.















