[ФОТО] Живее на температура од минус 52 степени Целзиусови, а сега открива како да се стоплите на студот без големи трошоци

Точка

20/01/2026

19:54

534

Големина на фонт

а а а

Лекциите од Арктикот покажуваат дека дури и во најекстремните зимски услови топлината може да се задржи, често со многу едноставни и достапни решенија.

Да се преживее температура од 52 степени Целзиусови, со загревање на моторните тестери со отворен пламен е искуство што ретко кој го доживеал. Ренџерот Џош Спајс, којшто живее на Арктикот, се нашол токму во таква ситуација, додека се обидувал да ги оддели замрзнатите острила од тестерата за да исече доволно дрва и да ја преживее ноќта на северот од Алјаска, пишува „Скај њуз“.

Спајс патролира на подрачјето на Арктичкиот национален парк, каде што снег паѓа и до осум месеци во годината, а во зима денот трае само шест часа. Токму затоа тој има уникатно искуство кога станува збор за справување со екстремен студ. Во контекст на високи цени на електричната енергија и сè посуровите зими, неговите совети звучат изненадувачки применливо.


Спајс, којшто веќе 16 години живее во Фербанкс на Алјаска (еден од најстудените градови во светот), истакнува дека клучно е да се спречи губењето на топлината низ влезовите и излезите. Кога температурата во неговото опкружување паднала на минус 41 степен Целзиусов, разликата помеѓу внатрешниот и надворешниот воздух во неговата колиба достигнала дури 63 степени.

„Кога ќе ја отворите вратата, бранот на ладен воздух е брутален“, рекол тој.

Идеално решение е затворена веранда, т. н. арктички влез (во неговиот случај), но поедноставна и поевтина алтернатива е да закачите волнено дебело ќебе над вратата за да се создаде дополнителен топлотен тампон.

Уште еден едноставен трик е нанесување проѕирна фолија на работ од прозорците со помош на фен за коса. Ако е добро затегната, фолијата ги затвора малите пукнатини низ кои влегува ладен воздух.

„Дури и најмалото пропуштање воздух, кое е незабележливо во потоплите месеци, во зима се чувствува како леден млаз. Во екстремни услови, кондензација на стаклото може дури и да замрзне и да дополнително да го излади просторот“, објаснува Спајс.


Зошто печката на дрва вреди злато?

„Печката на дрва е исклучително важна затоа што обезбедува топлина со мошне малку влага“, објаснил тој.

Сувиот воздух му помага на телото поефикасно да се загрее затоа што влагата не останува заробена во кожата и во облеката. Ова е особено важно откако ќе бидете надвор на студ, кога потта под слоевите облека на екстремни температури може да се претвори во мраз.

„Буквално имав ледени плочи на лицето и главата“, се сеќава тој.


Вложете во вистински обувки – и тоа број поголеми

За оние што не се навикнати на температури под нулата, квалитетната облека е клучна. Температурите може да паднат и до минус 48 степени Целзиусови, а во текот на зимата по заледените езера може да се возат и автомобили.

Спајс советува купување чизми еден број поголем за во нив да може да носите дебели чорапи и влошки, без стапалата да ви бидат стегнати.


Добрата циркулација на крвта е пресудна за чување на топлината.

Покрај тоа препорачува и ракавици со тенка постава и слоевита облека, но од материјали што навистина ја задржуваат топлината.

„Тест со мачка“

Спајс има и необичен, но ефикасен тест за студ во домот – мачка.

 „Мојата е како канаринец во рудник – вели тој. Ако некаде ѝ е ладно, тоа е знак дека и на луѓето не им е удобно.“


Тој особено ги истакнува подовите: тврдите, непокриени површини се најголемиот извор на студ во зима.