Том Брејди за разводот од една од најубавите жени на светот: „Беше исцрпувачко“

Точка

16/01/2026

13:19

817

Големина на фонт

а а а

Том Брејди се осврна на својата последна сезона во „NFL“, која ја одигра во екот на разводот од Жизел Бундшен, и изјави дека тој период бил „предизвикувачки“. Седумкратниот освојувач на „Super Bowl“, кој конечно се повлече во февруари 2023 година, во разговор за „MLFootball“ призна дека приватните работи силно се одразиле и на теренот.

Приватните проблеми влијаеле врз играта

Брејди (48) вели дека неговата последна, 23-та сезона била особено тешка. „Мојата последна сезона беше тешка“, изјави тој. „Поминував низ многу семејни проблеми“, додаде, мислејќи на разводот кој беше финализиран во октомври 2022 година. „Беше исцрпувачко и ми одзеде многу енергија. Тоа едноставно се одрази на мојата способност да играм на своето ниво.“


Пензионирање поради семејството

„По 23 сезони немав чувство дека нешто ми недостига“, рече тој. „Секогаш имав некаква цел. Имав 45 години и сакав да поминувам време со децата. Помислив: во ред, сега е време јас да бидам на нивните натпревари. Доста тие гледаа мои.“

Брејди и Бундшен (45) имаат две деца – 16-годишниот Бенџамин и 13-годишната Вивиен. Брејди има и 18-годишен син, Џек, од поранешната партнерка Бриџет Мојнахан. Бундшен, во меѓувреме, со сопругот Жоаким Валенте во февруари 2025 година доби син.


Фокус на работата и децата

Во неодамнешен разговор за „People“, Брејди изјави дека децата и работата му се приоритети во моментов. „Немам многу време за приватен живот, ниту за себе, но сакам да работам и ги сакам моите деца“, рече тој на 13 јануари, на отворањето на „Fanatics Studios“.

„Сакам да бидам зафатен и да чувствувам дека работам нешто смислено. Работам на одлични проекти и сум опкружен со извонредни луѓе кои прават навистина добри работи“, додаде тој.