Син на екс македонски репрезентативец го постигна голот на денот на ракометното ЕП

Дерби

16/01/2026

12:51

443

Големина на фонт

а а а

Првиот натпреварувачки ден на ракометното ЕП очекувано донесе и многу атрактивни моменти и голови, а посебно се издвојува потегот на Игор Турченко.

Украинскиот репрезентативец погоди од тешка позиција по истекот на времето од првото полувреме и успеа да го надитри живиот ѕид и голманот на Норвежаните, со што го привлече и вниманието на ракометната јавност.

Синот на поранешниот македонски репрезентативец Сергеј Турченко не успеа со своите колеги да обезбеди позитивен резултат на премиерата на ЕП, но затоа уште еднаш покажа дека поседува голем потенцијал.

Скромниот Турченко по средбата на новинарите им посочил дека само имал среќа во дадената ситуација.

– Мислам дека имав среќа во тој момент. Верував во себе и понекогаш успеваме да постигнеме вакви голови, – рекол Турченко.