Тони беше провоциран од голман, па му возврати на уникатен начин по реализираниот пенал

Дерби

16/01/2026

13:57

246

Големина на фонт

а а а

Екипите на Ал Ахли и Ал Тавон одиграа драматичен натпревар во првенството на Саудиска Арабија, а истиот заврши со победа на домаќините, обезбедена со гол од пенал во 104. минута.

Долгото надополнување на времето заврши со реализација од белата точка на Ајван Тони, а англискиот репрезентативец го привлече вниманието и со начинот на кој го прослави погодокот.

Тони беше провоциран од противничкиот голман, кој му ја покажуваше насоката во која треба да шутира, а откако поранешната премиерлигашка ѕвезда го послуша, реши да го истрола на сличен начин.

Тони застана на гол линијата и го имитираше разочараниот Маилсон, па со потегот стана и хит на социјалните мрежи.