Симулација „одреди“ кој ќе биде новиот европски шампион: Дали е Македонија потценета во прогнозите?

Точка

15/01/2026

17:01

581

Големина на фонт

а а а

Резултатите се прилично интересни и не и одат во прилог на нашата ракометна репрезентација. Симулацијата на крајот и дава минимални шанси за минување на групната фаза.

Ракометниот портал „Handballytics“ изнесе интересни предвидувања за Европското првенство 2026 година.

Екипата од наведениот извор вложила сериозен труд и составила листа на најголемите фаворити на ЕП, користејќи принцип на симулација во која компјутерот 50 илјади пати го прогнозирал европскиот шампион.


Резултатите се навистина интересни и не и одговараат на Македонија. Според симулацијата, на Македонија и се даваат 0 % шанса да го освои шампионатот.

Шансите за пласман во финалето исто така изнесуваат 0 % , а таму компјутерот го предвидува дуелот меѓу Данска и Франција, додека Шведска и Хрватска демнат како потенцијално изненадување.


Македонија има и мали шанси за минување на првата фаза. Веројатноста за тоа изнесува 8,9 %, што значи дека, според овие проекции, ќе биде тешко да се заврши втор во групата.

Како најслаба репрезентација на Европското првенство, според симулацијата, се смета Украина.

Фото: macedoniahandball.com.mk