Слот за враќањето на Салах во ростерот на Ливерпул: Дури да имав и 15 напаѓачи…

Дерби

16/01/2026

15:29

264

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах и неговата египетска репрезентација не успеаја да обезбедат финале на Африканскиот куп на нации, но им останува само утешното мало финале, во кое ќе се борат за третото место со Нигерија.

Утрешниот дуел ќе биде и последната обврска на Салах за националниот тим пред враќањето во Ливерпул, а менаџерот Арне Слот очекува брз камбек на Мо во неговиот тим.

Во пресрет на дуелот со Барнли, менаџерот на Ливерпул најавил дека постојат големи шанси Салах да биде во комбинација за соочувањето со Олимпик Марсеј.

– Салах има уште еден важен натпревар во сабота и потоа ќе се врати, а тоа ме прави среќен.

– Мо е многу важен за мене и за клубот и тоа нема да се промени дури и да имам 15 напаѓачи на располагање.

– Во моментов разговараме за да биде во составот уште за дуелот со Марсеј во среда, – открил Слот.