[ВИДЕО] Живее во камп-приколка без струја и вода, а се тушира во теретана: „Не е за оние со слабо срце“

Точка

14/01/2026

16:35

1.718

Големина на фонт

а а а

Џејд Харис на социјалните мрежи открила како изгледа нејзиниот секојдневен живот во 25 години стара камп-приколка среде шума во Шкотска.

Животот „надвор од мрежата“, без класична инфраструктура и со импровизиран тоалет на отворено, кај дел од публиката предизвикал воодушевување, додека други нејзината одлука ја пречекале со неверување и критики.

Покажала каде живее

Харис по професија е ветеринарна сестра, а камп-приколката во која живее се наоѓа на земјиште што ѝ припаѓа на нејзината пријателка. На ТикТок и на други платформи објавува под името „Nature Bunny Girl“, а на следбениците им го покажала и надворешниот дел од камп-приколката, дворот и околината – шумата која, како што се гледа на снимките, ѝ станала „двор“.

Една од работите што најмногу привлече внимание е компостниот тоалет што сама го изградила. Сместен е во шупа, а Џејд вели дека проектот е при крај. „Изградив компостен тоалет, речиси е готов – моментално функционира, но планирам да ја уредам малата шупа за да биде убава и слатка одвнатре“, рекла таа во видеото.

Додала и дека двете шупи ги набавила преку „Facebook Marketplace“ и дека планира дополнително да ги среди – да вгради ново стакло и врати, како и да ја дотера внатрешноста.


Кога станува збор за енергијата и греењето, Харис објаснила дека се снаоѓа како што знае. Во текот на зимата користи генератор и пропан, а има и соларни панели кои, како што рекла, сè уште не се поврзани, но се дел од планот за поцелосен живот „надвор од мрежата“, без инфраструктура.

„Не е толку студено како што мислите“

Следбениците ги интересирало и како изгледа зимата во камп-приколка, особено во Шкотска. Џејд тврди дека ѝ е потопло отколку што луѓето претпоставуваат.

„Верувале или не, всушност ми е убаво и пријатно топло со дизел-греалка во ова студено време што моментално го имаме во Шкотска“, истакнала таа.

Истовремено таа ја преуредува и внатрешноста на приколката, која ја бојадисува во темнозелена, а на следбениците им најавила дека наскоро ќе заврши со преуредувањето. „Целта ми е да ја завршам камп-приколката во следните неколку недели… знам дека некои од вас чекаат подолго отколку што беше планирано, но ветувам дека ќе се исплати“, напишала таа.


Поделени реакции

Нејзиното видео собра повеќе од 160 илјади прегледи и предизвика лавина коментари. Едни се воодушевени од идејата за живот во природа, без стрес и бучава, па коментирале дека нејзината „куќичка е апсолутно прекрасна“ и дека се „љубоморни“, бидејќи и самите сонуваат за живот „надвор од мрежата“.

Други, пак, биле многу поостри. Еден коментар гласи: „Да бидеме искрени, никој при здрава памет не сака да живее во очајни услови“.

Меѓутоа Харис одговорила на коментарот: „Тоа не е живот за оние со слабо срце, но во моментов одговара на мојот начин на живот“.

А како се тушира?

Меѓу најчестите прашања беше и тоа – како се тушира. Џејд рекла дека камп-приколката има туш-кабина, но всушност не ја користи затоа што не е поврзана со вода, па моментално ѝ служи како простор за оставање работи.

„Имам комбе и многу работам надвор од дома, па всушност се туширам во теретана“, појаснила таа.