[ВИДЕО] Воен ветеран ја изгубил пензијата и морал да работи на 88-годишна возраст, а потоа се случило чудо: На неговата сметка „легнале“ милион долари

Точка

04/12/2025

20:26

970

Големина на фонт

а а а

Синот на воен ветеран од американската војска, Ед Бамбас, изјавил дека неговиот татко конечно ќе може да се пензионира и да ужива во животот откако неговата потресна приказна допре голем број луѓе. Имено, Мајкл Бамбас ќе добие околу 1,5 милиони долари – животно важен износ кој ќе му биде предаден во петок на церемонија на неговото работно место.

Мајкл Бамбас рекол дека неговиот 88-годишен татко, кој сè уште не знае за огромниот дониран износ кој постојано расте, е длабоко трогнат и преплавен од великодушноста на луѓето откако во вирално видео говорелза своите финансиски тешкотии.

„Знам што ќе значи ова за него и колку целосно ќе му го промени животот“, рекол Мајкл за „New York Post“. „Конечно ќе може да ужива во животот, без грижа од каде ќе дојде следниот долар.“

Ед ги освоилсрцата на луѓето низ целиот свет откако го запознал австралискиот инфлуенсер Семјуел Виденафер во супермаркетот „Meijer“ во Брајтон. Постариот господин бил приморан да работи полно работно време како касиер за да преживее, бидејќи ја изгубил пензијата и сопругата, чиишто медицински трошоци оставиле сериозни последици врз неговите финансии.

Виденафер ја споделил неговата приказна на социјалните мрежи и во понеделник покрена „GoFundMe“ кампања за да му помогне да се пензионира. До среда навечер, собрани се повеќе од 1,443 милиони долари.

„Неверојатно е. И двајцата сме изненадени колку оваа приказна ги допре луѓето низ целиот свет. Очигледно е дека многумина емотивно се поврзуваат и сакаат да помогнат. Неверојатно е како вакви работи го извлекуваат најдоброто од луѓето.“


Ед на Виденафер, кој промовира позитивни вредности, му кажал дека се пензионирал од компанијата „General Motors“ во 1999 година, но компанијата банкротирала во 2012 година и така му ја укинала пензијата, се наведува во трогателното видео објавено на Инстаграм.

Татко на две деца живеел удобно со сопругата повеќе од 50 години, сè додека таа сериозно не се разболела – двоен удар што го принудил да ја продаде куќата и имотот само за да „некако да преживее“.

„Најмногу ме повреди тоа што, кога мојата сопруга сериозно се разболе, заедно со пензијата ми го укинаа и здравственото осигурување и ми оставија само 10.000 долари од животното осигурување“, рекол Ед, тешко задржувајќи ги солзите.

Откако неговата сопруга Џоан починала пред седум години, немал избор освен да се врати на исцрпувачката 40-часовна работна недела. На крајот, пронашол работа во синџир супермаркети, 70 километри западно од Детроит, каде што работи веќе пет години.

„Среќен сум што Бог ми даде тело доволно силно да стојам по 8 до 8,5 часа на ден“, изјавил Ед за „WXYZ“ откако видеото на Виденафер станало вирално.

Фондацијата досега привлекла речиси 50.000 донации од повеќе од 36.000 луѓе.


„Тој сè уште не сфаќа што се случува“, рекол Мајкл за својот татко. „Нема поим колку пари се собраа. Кога ќе дознае, ќе биде во целосен шок.“

Мајкл додал дека во петок навечер на работата на татко му ќе се одржи емотивна церемонија на која Ед ќе го добие чекот со веќе уплатениот неверојатен износ.

„Ова ќе му донесе голема, голема утеха.“