[ФОТО] Овој електричен автомобил чини само 16.000 евра – но има една финта!

Точка

03/12/2025

14:16

380

Големина на фонт

а а а

„Perodua QV-E“ е првиот малезиски електричен автомобил – со батерија на претплата.

Малезискиот производител „Perodua“ го претстави својот прв целосно домашен електричен автомобил – „QV-E“, мал кросовер кој пристигнува со необична понуда: батеријата не се купува, туку се изнајмува.

Цената на возилото изнесува околу 19.000 долари (околу 16.200 евра), но, секако, без батерија не може да се вози, па сопствениците мора да плаќаат месечна претплата.


„Perodua“ вложила околу 194 милиони долари во развојот, а „QV-E“ е првиот модел кој не е базиран на технологија на други производители.

Автомобилот е компактен, со спортски изглед и LED светла, и се нуди во две бои – "Ice Blue" и "Caviar Gray".


Ентериерот е едноставен, со два дисплеи од 10,25 инчи и основни безбедносни системи.

Возилото користи електромотор од 204 коњски сили (150 kW), заедно со батерија од 52,5 kWh која овозможува досег до 445 километри според "NEDC" циклусот.


Сепак, како што веќе е наведено, батеријата не се купува – сопствениците ја изнајмуваат по цена од околу 67 долари месечно со деветгодишен договор.

Силата се пренесува на предните тркала, а автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за одлични 7,5 секунди.


Производството започнува со 500 автомобили месечно, а целта е до крајот на 2026 година капацитетот да се зголеми на 3.000 месечно.

Државата има цел електричните автомобили до 2030 година да сочинуваат 15 проценти од вкупната продажба на нови возила.