Вардар го дозна распоредот за главната фаза во Европската лига

Дерби

03/12/2025

11:26

135

Големина на фонт

а а а

Вардар професионално си ја заврши работата и со победа над Тулуз со резултат 37:35 го завери првото место во својата група во Европската лига на ЕХФ, а со тоа пренесе два бода во следната фаза од натпреварувањето.

Секоја група донесе по два патници во главната фаза на Европската лига, а Вардар во оваа рунда го чекаат по две пресметки со Мелсунген и Бенфика.

Во новоформираната група ќе има место и за Кристијнаштад кој исто така пренесува два поедни, додека Мелсунген започнува од најдобра позиција како единствен тим кој има четири пренесени поени.

Бенфика ќе почне како аутсајдер како тим кој не пренесува бодови, а од оваа втора фаза, првопласираниот тим ќе оди директно во четвртфинале, додека второ и третопласираните екипи ќе играат осминафинале.

ЕХФ веќе го објави распоредот за сите натпревари кои следат во втората фаза од натпреварувањето, а Вардар дозна дека ќе започне и ќе го заврши овој круг со дуели против Мелсунген.

17.02.2026 – Вардар – Мелсунген

24.02.2026 – Бенфика – Вардар

03.03.2026 – Вардар – Бенфика

10.03.2026 – Мелсунген – Вардар