Нејмар не можеше да му помогне на Сантош во обидот да дојде до три бода на пресмтката со Интернационал, но набрзо по крајот на натпреварот кој заврши 1:1, „Глобоеспорте“ пренесе вест која не е воопшто добра за фановите на бразилската фудбалска ѕвезда.
Популарниот Неј ја заработи и четвртата повреда во оваа календарска 2025-та година, а како што уверува угледниот медиум, истата е доволно сериозна за да стави крај на сезоната.
„Глобоеспорте“ информира дека Нејмар поради повреда на менискусот на коленото ќе биде во аут до крајот на годината, што значи дека нема да може да му помогне на Сантош во битката за опстанок.
Бразилскиот великан води грчевита борба за опстанок и на три рунди пред крајот се наоѓа во опасната зона, па во овој момент е крајно неизвесен прволигашкиот статус на Сантош за наредната сезона.
Од друга страна, уште понеизвесен станува настапот на Нејмар на толку посакуваното Светско првенство, бидејќи со ваква историја на повреди, тешко дека ќе добие шанса од Карло Анчелоти кој ниту еднаш не го повика во изминатите неколку месеци.







