Трагедијата во 2016 година им ја однесе речиси целата екипа – сега повторно слават

Точка

25/11/2025

16:53

583

Големина на фонт

а а а

Чапекоенсе се врати во бразилската прва лига. Клубот од сојузната држава Санта Катарина обезбеди пласман во највисокиот ранг на бразилскиот фудбал токму на истиот датум кога, девет години претходно и на истиот стадион, за првпат избори финале на Копа Судамерикана.

Тоа беше момент на радост по кој следеше трагедија што ја избриша речиси целата екипа.


Во 2026 година ќе се навршат десет години од падот на авионот што го потресе бразилскиот и јужноамериканскиот фудбал, а пред сè Чапекоенсе. Клубот создаден со спојување на два аматерски состави ја допре славата во 2016 година кога стигна до финалето на Судамерикана. Но на пат кон Колумбија, каде требаше да се одигра еден од одлучувачките натпревари, се сруши авионот што ја превезуваше екипата и членовите на клубот – и речиси сите загинаа.

Преживеаја само тројца играчи

Преживеаја само шест лица, меѓу нив и тројца играчи: Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето. По овој огромен удар екипата успеа повторно да се подигне и покрај сите несреќи. Многу работи мораа да ги градат од нула, но од таа година тргнаа по патот што ги водеше низ периоди во Серија А и Серија Б. Сега клубот, по четири години талкање низ второлигашкото друштво, се врати на своето место во врвот на бразилскиот фудбал.


Завршницата на сезоната во Серија Б беше напната, тесна и речиси невозможна за предвидување. Победата од 1:0 против Атлетико Гојаниенсе, што ја донесе единствениот погодок на Валтер Клара, затвори уште едно поглавје во клупската историја. Дома, пред сопствените навивачи кои истрчаа на теренот за да ја прослават победата, екипата од Чапеко конечно се врати на врвот.