Ханси Флик целосно беше надмудрен од Енцо Мареска и мораше да се помири со нов пораз на неговиот тим во Европа, овојпат од Челси изразен со резултат 3:0.
Англискиот премиерлигаш профитираше од агресивниот пристап и пресингот кој го вршеше врз одбраната на Барселона, па иако вчерашниот натпревар нема да остане во добро сеќавање меѓу фановите на Барселона, Ханси Флик посочи дека видел и неколку нешта што му се допаднале.
Германскиот стручњак тврди дека клучен момент бил црвениот картон кој го заработил Араухо, по што работите станале уште потешки за неговиот тим.
– Имамве голема шанса први да постигнеме гол преку Феран, а кога ќе останете со играч помалку против овој Челси, навистина не е лесно да се игра. И покра се, видов позитивни работи од тимот, особено во играта во одбрана. За жал, загубивме многу дуели и многу лесни топки, тоа ќе биде повод за анализа. Ќе мора да се поправиме во тој поглед, да се коригираме и да продолжиме напред.
– Мора да го прифатиме поразот и да мислиме на позитивните работи. Имаше позитивни работи на овој натпревар и можам да ветам само едно. Ќе гледаме друга Барселона доста брзо. Имам добро претчувство од тоа што го гледам на тренинзите. Се тренира со добар интензитет, квалитетот е тука и гледам многу подобри работи од пред неколку недели. Имам добро чувство за иднината, – изјави Германецот по поразот од 3:0.







