Хари Кејн и во оваа сезона е еден од најдобрите напаѓачи на светот, офанзивец кој заедно со Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе уште од сега најавија кандидатури за „Златната топка“.
Кејн е гол машина, ама воедно и играч кој секогаш е во функција да тимот, помага во градењето на акции, па и во дефанзивата кога е потребно. Неговите квалитети се исклучително ценети и во последно време се споменува како опција за шпанскиот великан Барселона, директна замена за Роберт Левандовски.
На Полјакот му завршува договорот во месец јуни и со оглед на возраста и сумата која е заработува тешко дека ќе продолжи освен ако не се најде некој компромис. Од друга страна и Хари не е во цутот на младоста, ама е помлад од Роберт и би можел да одигра неколку години на највисоко ниво.
Овие шпекулации, гласини секако допираат и до Англичанецот кој доби шанса и да ги искоментира.
- Немам никаков контакт со никого, никој не ме контактирал. Се чувствувам многу удобно во сегашната ситуација, иако сè уште не сме разговарале за мојата ситуација со Баерн.Нема брзање. Навистина сум среќен во Минхен. Тоа може да се види од начинот на кој играм. Ако има контакт, тогаш ќе видиме. Но, сè уште не размислувам за новата сезона. Прво е Светското првенство на лето. И многу е малку веројатно дека нешто ќе се промени по оваа сезона, - порача Хари кој запрашан за тоа дали навивачите на Баерн треба да бидат загрижени, неговиот одговор беше краток и јасен:
- Нема потреба-рекол напаѓачот кој е „врзан“ со Баерн до 2027 година.





