Голманот на Челси со брутална изјава: Кукурелја го стави Јамал во џеб, сите се добри сè додека…

Дерби

26/11/2025

11:17

80

Големина на фонт

а а а

Челси ја надигра Барселона на „Стемфорд Бриџ“ и сосема заслужено оствари висока победа со резултат 3:0, триумф кој можеше да биде и поуверлив ако се знае дека на домаќините им беа поништени и три погодоци.

Тимот на Енцо Мареска добро ја простудира играта на Барселона и не им даде никаква шанса на гостите од Каталонија, кои иако цело второ полувреме го играа со играч помалку, мора да се признае дека беа во подредена улога и кога силите беа израмнети на теренот.

Роберт Санчез како голман на Челси речиси да немаше никаква работа во текот на целиот натпревар, а по крајот на истиот, тој ја даде убедливо најзајадливата изјава за младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

– Ламин е во џебот на Кукурелја, – одговори Санчез, откако новинарите го запрашаа за шпанскиот дуел во Лондон.

– Сите се добри се додека не дојдат да играат во Англија…… Барселона фаворит за Лигата на шампиони? Не, го гледам Челси како фаворит за титулата, – изјави Санчез.