Арсенал им се врати на победите во Премиер лигата и тоа против градскиот ривал Тотенхем кого го разби со 4-1.
По ремито со Сандерленд многумина се прашуваа како „топчиите“ ќе одиграат, реагираат против „петлите“ кои се квалитетен и незгоден противник, а одговорот на избраниците на Артета беше брутален, убедлив триумф со кој е испратена нова порака кога е во прашање трката за титулата.
„Топчиите“ имаат шеста предност во однос на Челси и седум од третопласираниот Манчестер Сити, два тима кои реално во овој момент можат да се надеваат дека би можеле да го предизвиикаат лидерот до крајот на „маратонот“.
Џејми Карагер има јасен став во однос на ова прашање, тема и смета дека Арсенал може да го предизвика, запре само еден тим.
- Единствениот тим што може да го спречи Арсенал да ја освои лигата е Арсенал; тие се најдобриот тим. Тие се најдобриот состав. Единственото нешто што може да ги запре се нивните сопствени глави, нивниот сопствен менталитет. Можеби оваа публика ќе стане нервозна во март и април, ако лигата сè уште е отворена дотогаш. Ова би било тоа. Ако не ја освојат, мислам дека сите ќе покажеме со прст кон нив и ќе кажеме: „Го фрливте ова“. Не мислам дека тоа некогаш било случај порано. Секогаш мислам дека имало тим малку подобар од нив во Премиер лигата, но тоа дефинитивно не е случај оваа сезона, - порача Карагер.







