Ливерпул е непрепознатлив во оваа сезона, а најновиот удар им го зададе Нотингем Форест кој ги доби на „Енфилд Роуд“ со 3-0.
„Црвените“ ја отворија тековнава кампања со пет победи во низа, но потоа доживеаа шест порази на наредните седум натпревари и сега се во вториот дел на табелата.
Изминатиов период имаше доста критики за главните ѕвезди Салах и Ван Дајк, засилувањето Вирц, тренерот Слот…но сега легендата на Ливерпул, Стив Никол подбра еден играч за кого премногу не се зборува-тоа е Рајан Гравенберх.
- Има еден човек кој досега избегна критики… Рајан Гравенберх. Ова е човек кој без сомнение, по Мохамед Салах и можеби Вирџил ван Дајк беше најдобриот играч на Ливерпул минатата година, без сомнеж. Тој беше на вистинското место цело време, носеше одлични одлуки, почнуваше напади.
- Неговата главна задача е да биде тој блок, човек пред последната четворка кој им наредува на другите двајца, ги пушта да одат напред кога можат, а тој ги пополнува позади и ги покрива дупките. Тој не направи ништо од тоа оваа година. Знам дека пропушти неколку натпревари, но апсолутно не направи ништо од тоа.
- Крег [Берли] претходно зборуваше за тоа како Салах исчезна, а што се случува со Ван Дајк? Гравенберх е уште еден играч кој, исто толку фантастичен како што беше минатата година, повторно целосно исчезна, - вели Никол кој 13 години го носеше дресот на гигантот.







