Барселона ќе го продолжи договорот на еден од најборбените играчи во тимот

Дерби

24/11/2025

14:16

192

Големина на фонт

а а а

Барселона во претходните трансфер периоди не е премногу активна пред се поради финансиски причини, но во исто време верува дека со сегашниот играчки кадар може да напредува, да освојува значајни титули како што беше минатата сезона.

Главниот оперативец Деко е насочен пред се на продолжување на договорите со голем дел од играчите, па така нови потписи ставија Рафиња, Кунде, Де Јонг, Бернал…листа на која наскоро се очекува да биде и дефанзивецот Ерик Гарсија.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека клубот и Гарсија во основа постигнале договор за тој да остане на „Камп Ноу“ до 2030 година. Треба да се „испеглаат“ уште некои детали, меѓутоа клубот и играчот се на иста линија и се очекува набрзо да биде официјализирана новата соработка.

Гарсија беше интересен за ПСЖ и Луис Енрике кого добро го познава сонародникот, меѓутоа Ерик ужива во Барса, има голема минутажа, покрива повеќе позиции на теренот и тоа уште еден адут плус кој е искучително ценет од тренеро Флик.

Клубот во него гледа и потенцијален капитен што и не е неко изненадување затоа што во младите категории ја носеше капитенската лента.

Тој е дете на Барса, меѓутоа четири години мина и во Манчестер Сити од кои три во првиот тим.