Легендарен италијански голман објасни како Мењан ја доби пенал битката со Чалханоглу

Дерби

24/11/2025

12:29

458

Големина на фонт

а а а

Милан излезе како победник од дербито со Интер, победа која ја обезбеди Кристијан Пулишиќ со голот во второто полувреме, но играч на натпреварот беше фантастичниот Мајк Мењан.

Французинот ја сочува мрежата, одигра перфектен меч во кој дури успеа да му одбрани пенал на Хакан Чалханоглу, ас кој ретко греши од 11 метри.

Судиите се одлучија да досудат еден дискутабилен пенал во 74 минута, ситуација при која домаќините можеа да го израмнат резултатот, но Мајк излезе како поуспешен од битката со Чалханоглу.

- Иако е само малку надвор од центарот на голот, визуелно десната страна на Мењан изгледа многу поширока и ве искушува да шутирате таму. Потоа, тој направи и мала финга, се врати речиси до центарот и направи одлична одбрана, - истакна Лука Маркеџани говорејќи за оваа клучна ситуација.

Инаку Маркеџани е поранешен репрезентативен голман на Италија, ас кој најмногу се задржа во Лацио, настапуваше уште за Бреша и Торино.