Аморим за играчите кои сакаат да си заминат од Јунајтед на зима: Клубот е на прво место…

Дерби

24/11/2025

11:14

498

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед има свои цели и амбиции за оваа сезона, сезона во која клубот нема европски натпревари, испадна рано во англискиот ФА Куп и може максимално да се посвети и фокусира на Премиер лигата, а кога ќе дојде време и на предизвиците во ФА Купот.

Меѓутоа јасно е дека Премиер лигата е приоритет, се бара висок пласман и место во Лигата на шампионите или Лига Европа, додека Конференциската лига би била утешна награда.

Рубен Аморим се соочува со проблеми кога е во прашање играчкиот кадар затоа што некои фудбалери се незадоволни од минутажата, статусот и посакуваат да си заминат во зимскиот преоден рок. Тоа се однесува на Коби Мејну и Џошуа Зиркзе кои сакаат да бидат во клуб во кој ќе бидат стандардни и со тоа да се наметнат кај селекторите, да бидат во изборот на Тухел и Куман за Светското првенство во 2026 година.

Сепак Аморим испрати јасна порака дека нема по секоја цена да дозволи да си заминат, поточно смета дека клубот е на прво место.

- Првото нешто е дека клубот е на прво место, па затоа мора да размислуваме за клубот и тимот, а потоа сè може да се случи. Бев фудбалер, разбирам сè и сакам да им помогнам на моите играчи во секоја ситуација, па не знам што ќе се случи. Сакам моите играчи да бидат среќни. Ја разбирам фрустрацијата на некои играчи, гледајќи дека Светското првенство е тука и знам што значи тоа за Светското првенство, но Манчестер Јунајтед е на прво место. Значи, ако можам да им помогнам на клубот и на играчите, ќе бидам среќен, ако не, морам да размислувам за тимот, - заклучи Португалецот.