Ливерпул доживеа уште еден непријатен и убедлив пораз во Премиер лигата, а фановите веројатно се шокирани од епилогот на дуелот со Нотингем на „Енфилд“.
Актуелниот англиски шампион прими три гола од „шумарите“ и го доживеа дури шестиот пораз на дванаесет одиграни натпревари сезона, а менаџерот Арне Слот ја презема одговорноста за катастрофалната форма.
– Тешко е да каже колку е лошо, но јасно е дека пораз со три гола разлика на домашен терен е многу лош резултат.
– Сакам да истакнам дека јас сум одговорен за последните порази, не можам да излезам со некакви изговори за вакви резултати. Ова е далеку од нивото кое треба да го имаме и јас ја преземам одговорноста.
– Мое мислење е дека добро го започнавме натпреварот, креиравме многу во првиот половина час, но навистина е фрустрирачки кога противникот ќе постигне гол од првата шанса, а потоа примате гол секогаш кога ќе се најдат пред вашиот гол, – потенцирал Слот.
Ливерпул досега освои 18 бодови, односно 8 помалку од лидерот Арсенал, кој има и натпревар помалку.






