Денвер не успеа да врзе уште една победа на домашен терен, па и покрај одличното издание на Никола Јокиќ, остана без победа во дуелот со сезонава слабиот Сакраменто.
„Кралевите“ дојдоа до едвај четвртата победа сезонава на гостувањето во Колорадо, а беа предводени од Расел Вестбрук кој очигледно беше максимално мотивиран да му се „одмазди“ на тимот за кој настапуваше минатата сезона и кој реши да се откаже од неговите услуги.
Јокиќ стигна до 44 поени, во комбинација со 13 скокови и 7 асистенции, додека на спротивната страна, Вестбрук постигна 21 поен, а имаше и 6 скокови и 11 асистенции. Искусниот Рас постигна 15 од своите поени во последниот период и на тој начин го откажа Денвер од позитивен резултат, додека српскиот центар немаше доволна поддршка од соиграчите, а се почувствува и отсуството на Браун и Гордон во ростерот.
Детроит ја продолжи победничката серија и на гостувањето кај Милвоки, тим кој не може да парира без Адетокумбо во составот. Канингем со 29 поени беше најдобар реализатор и поединец во редовите на победничката екипа на оваа средба.
Орландо – Њујорк 133:121
Њу Орлеанс – Атланта 98:115
Чикаго – Вашингтон 121:120
Милвоки – Детроит 116:129
Далас – Мемфис 96:102
Денвер – Сакраменто 123:128







