Норис и Пјастри се соочуваат со дисквалификација од трката во Лас Вегас

Дерби

23/11/2025

10:08

195

Големина на фонт

а а а

Ландо Норис и Оскар Пјастри можат да останат без пласман и поени од Формула 1 трката во Лас Вегас и тоа поради техничка нерегуларност на болидите на Мекларен.

Норис и Пјастри ги освоија второто и четвртото место во Невада, но истрагата на одговорните утврдила дека подната подлога била потенка од 9 милиметри и стјуардите треба да донесат конечна одлука наредните часови.

Во вакви ситуации вообичаено е да биде доделена дисквалификација, што значи дека Мекларен ќе остане без поените, исто како и возачите кои пак индивидуално се борат за шампионската титула.

Доколку биде потврдено дека Норис и Пјастри остануваат без освоените второ и четврто место, тогаш Британецот ќе биде на 24 поени предност во однос на Пјастри и Ферстапен, во пресрет на последните две трки.

Во овој случај, Антонели би дошол до подиум како втор претставник на Мерцедес и третопласиран зад Ферстапен и Расел, a поени ќе освојат и Окон и Берман.