Кога му верувате на вашиот партнер, верувате и дека ќе ги исполни своите ветувања. Сепак, довербата не зависи само од сегашната врска, таа често е обликувана од минатите искуства и емоционалните шеми. На пример, ако во претходната врска сте доживеале предавство, може да ви биде тешко да верувате дека можете да се потпрете на другите, дури и кога тие тоа го заслужуваат.
Харвардскиот психолог специјализирана за партнерски односи, д-р Кортни С. Ворен, за „CNBC MakeIt“ објаснува дека довербата го обликува начинот на кој паровите комуницираат. Поровите кои навистина веруваат еден на друг никогаш не користат осум реченици кои незабележливо, но длабоко ја нарушуваат врската.
1. „Дали ме сакаш?“

Постојаното барање потврда за љубовта може да биде знак на несигурност. Дури и ако партнерот одговори „да“, тоа често не делува искрено затоа што моравте да прашате. Кога верувате дека партнерот ве сака, подобро е да му кажете дека се чувствувате ранливо и ви е потребна блискост.
Наместо тоа велат: „Се чувствувам малку ранливо. Може ли да добијам прегратка? Многу ми е важно да зборуваме за тоа како се чувствуваме. Како ти се чувствуваш во врска со нас во последно време?“
2. „Да го видам твојот телефон.“
Кога чувствувате сомнеж, лесно е да се предадете на искушението да го проверите телефонот на партнерот. Но „љубопитноста“ покажува недостаток на доверба. Во здрави врски се почитува приватноста и правото на личен простор.
Наместо тоа велат: „Се чувствувам дека нешто не е во ред. Има ли нешто што не ми го кажуваш? Забележав дека доби неколку пораки доцна синоќа. Дали е се во ред?“
3. „Не знам повеќе кој си ти.“
Луѓето со текот на времето се менуваат – тоа е природно. Во врските засновани на доверба, промените не се доживуваат како закана, туку како можност за заеднички раст.

Наместо тоа велат: „Не го знаев ова за тебе. Дури и по толку време, сè уште те откривам. Ми се допаѓа тоа.“
4. „Не ме оставај.“
Посветеноста е важна, но во здравите односи партнерот останува затоа што тоа го сака, а не затоа што се чувствува виновен или е уценет. Љубовта не е резултат на молење или манипулација.
Наместо тоа велат: „Верувам дека заедно ќе го пребродиме овој тежок период. Ако еден ден почувствуваш дека ова не е вистинската врска за тебе, ќе ми биде тешко, но ќе преживеам.“
5. „Не можам да зборувам со тебе за тоа.“
Паровите кои имаат доверба еден во друг можат да разговараат за сè, дури и за непријатни или болни теми. Тие знаат дека партнерот ќе ги слушне со почит, дури и ако не се согласува.
Наместо тоа велат: „Знам дека можам со тебе да зборувам за сè. Благодарам што ме сакаш дури и кога не е лесно.“
6. „Пиши ми на секој час.“
Паровите кои веруваат еден на друг не чувствуваат потреба за постојано проверување. Тие му даваат простор на партнерот и знаат дека двајцата се добро, дури и кога не се физички заедно.

Наместо тоа велат: „Уживај вечерва! Испрати ми порака кога ќе тргнеш дома.“
7. „Сè е готово помеѓу нас.“
Кавгите се составен дел од секоја врска, но изговарањето реченици како „Сè е готово“ во афект може да остави длабоки последици. Паровите кои веруваат еден на друг не се закануваат со раскин при секоја кавга, туку знаат дека еден тежок момент не значи крај.
Наместо тоа велат: „Ќе најдеме начин да го решиме ова. Не одам никаде. Ја имаш мојата поддршка.“
8. „Треба да знаеш зошто сум лут / лута.“
Очекувањето партнерот да ги чита мислите не е фер. Отворената комуникација е клуч на секоја здрава врска. Кога постои доверба, партнерите искрено зборуваат за тоа што ги мачи, без обвинување.

Наместо тоа велат: „Еве зошто сум вознемирена. Ми треба малку време да се смирнам, но ќе разговараме кога ќе бидам подготвена.“
Довербата не е само верување дека партнерот ве сака, туку и сигурност дека ве почитува, ве разбира и не ве осудува. Кога тоа постои, врската станува место каде двајцата партнери се чувствуваат видени, сакани и безбедни.








