[ФОТО] Смело издание на младата актерка: Ќерката на познатиот Боно ги мамеше погледите на црвениот тепих во проѕирен градник

Точка

13/11/2025

09:01

1.054

Големина на фонт

а а а

Ив Хјусон, ирска актерка и ќерка на Боно и Али Хјусон, го привлече целото внимание на премиерата на филмот „Jay Kelly“ во „Egyptian Theatre“ во Лос Анџелес, благодарение на својот смел моден избор.

Таа носела проѕирен градник, долго здолниште украсено со светки и мантил. Изгледот го заокружила со чевли на потпетица со шилест врв. Кога се појави на црвениот тепих, сите погледи биле вперени во неа.

Позираше и со своите колеги Патрик Вилсон, Сејди Сендлер, Адам Сендлер, Џорџ Клуни, Рајли Кио, Грејс Едвардс, Луис Патриџ, Чарли Роу, режисерот Ноа Баумбах и останатите членови на екипата.


Филмот „Jay Kelly“ ја раскажува приказната за истоимениот актер, кој го толкува Џорџ Клуни. Тој тргнува на патување на самоспознавање, соочувајќи се со своето минато, но и со сегашноста, заедно со својот менаџер Рон (Адам Сендлер).

Во актерската екипа е и Ив Хјусон. На премиерата присуствуваа и нејзиниот татко Боно, како и Бред Пит со својата девојка Инес де Рамон. Хјусон претходно, во интервју за „Guardian“, зборуваше за тоа како е да се расте како дете на познати родители.


„Ми се допаѓаше да растам во Даблин. Имав прилично нормално детство. Секој ден патував со воз до училиште, но бев малку бунтовна. Седењето во училница не ми беше доволно. Кога го снимив мојот прв филм на 15 години, не сакав да правам ништо друго“, изјави таа.