Брз метод за киселење зелка без буре: Подготвена за сарма за само 48 часа, а вкусот е совршен

Точка

13/11/2025

15:55

370

Големина на фонт

а а а

Зимата без мирис на домашна сарма тешко може да се замисли! И додека секоја домаќинка тврди дека токму нејзиниот рецепт е најдобар, едно е сигурно – вистинската сарма започнува со совршено кисела зелка.

Добрата вест е дека за тоа повеќе не ви треба ниту буре ниту денови на чекање! Со само неколку едноставни чекори, зелката може да се закисели брзо, лесно и без грешка.

Брз метод – зелка подготвена за сарма за 48 часа

Најпрво отстранете ги надворешните листови и издлабете го коренот на главицата зелка. Во вдлабнатината ставете мала шолја оцет и една лажица сол, па нежно протресете за мешавината рамномерно да се распореди по листовите.


Потоа, ставете ја зелката во кеса и замрзнете ја два дена.

Кога ќе ја извадите и ќе оставите целосно да се одмрзне, ќе добиете совршено мека, пријатно кисела зелка – токму онаква каква што е потребна за да се направи идеална сарма!

Поедноставен традиционален метод

Доколку сте љубител на старинскиот вкус, постои и побрза верзија на традиционалното киселење.

Откако ќе ја исчистите зелката и ќе го издлабите коренот, посипете сол во средината на главицата и сместете ја во поголем сад.


Покрај зелката ставете парче леб – тоа ја забрзува природната ферментација. Потоа прелијте ја зелката со врела, умерено посолена вода (внимавајте да не претерате со солта), поклопете и оставете ја на топло место.

Веќе за неколку дена – најмногу пет – ќе имате одлично закиселена зелка, подготвена за зимската трпеза и, секако, за најубавата домашна сарма.