[ФОТО] Во најсеверниот главен град во светот, воздухот „мириса“ на расипани јајца: Таму ништо не е обично, дури ни музеите, а еден е посветен на пенисите

Точка

13/11/2025

17:16

582

Големина на фонт

а а а

Сместен на крајниот север на Европа, Рејкјавик е град кој на прв поглед изгледа мирно и едноставно. Опкружен е со море, ридови и бескрајно небо што се менува од час во час. Но, штом подобро го запознаете, станува јасно дека исландската престолнина крие низа необичности поради кои се вбројува меѓу најпосебните градови во светот.

Од чудниот мирис во воздухот до музеј кој не постои никаде на планетата, Рејкјавик е место што навистина вреди да се доживее барем еднаш во животот, а во продолжение ви ги откриваме интересните факти за градот што (можеби) не сте ги знаеле!

Рејкјавик е најсеверниот главен град во светот

Рејкјавик се наоѓа на речиси 64° северна географска ширина, со што ја држи титулата на најсеверен главен град во светот. Тоа значи дека зимите таму се долги и темни, додека летото сонцето речиси и не заоѓа, па деновите траат и до 21 час.


Жителите одамна се навикнале на таквите услови, па наместо да се жалат на темнината, тие ја слават светлината со бројни фестивали, концерти и собири на отворено, штом тоа го дозволат температурите. Токму тој контраст меѓу суровата природа и топлината на заедницата го прави Рејкјавик посебен.

Воздухот во Рејкјавик има мирис

Една од првите работи што посетителите ја забележуваат е необичниот мирис во воздухот, кој на многумина им наликува на „расипани јајца“. Но, станува збор за сосема природна појава. Имено, градот се загрева со геотермална енергија, а водата што доаѓа од подземните извори содржи сулфуроводород. Кога ветрот дува од одредена насока, мирисот се чувствува поинтензивно, но Исланѓаните воопшто не обрнуваат внимание на тоа. За нив, тоа е знак дека земјата под нив е жива. Освен што ги загрева домовите, истата енергија ги загрева и градските базени, па дури и тротоарите, кои во зима не мора да се чистат од снег.


Градот е преполн со улична уметност

Рејкјавик е своевидна галерија на отворено. Фасадите на зградите во центарот на градот се украсени со мурали кои раскажуваат приказни за историјата, природата и секојдневниот живот на Исланѓаните. Уличната уметност овде не е забранета – напротив, се поттикнува како облик на креативно изразување. Така градот „дише“ во бои, а зад многу од муралите стојат познати исландски уметници, чии дела можат да се најдат и во галерии ширум светот.


Рејкјавик има повеќе музичари по глава на жител од речиси секој друг град во светот

За град со нешто повеќе од 130 илјади жители, Рејкјавик има неверојатно богата музичка сцена. Легендарната Бјорк, бендот „Sigur Rós“ и многу други светски познати изведувачи потекнуваат токму од тука. Музиката е длабоко вкоренета во исландската култура, па речиси секој свири некаков инструмент или пее во бенд. Градот е преполн со мали клубови, барови и сали во кои секоја вечер се одржуваат настапи — често и бесплатни. Во зима, кога ноќите траат бескрајно, токму музиката ја грее душата на Рејкјавик.

Жителите имаат апликација која спречува состаноци со роднини

Бидејќи Исланд има само околу 390 илјади жители, речиси сите се во некакво сродство. За да избегнат непријатни ситуации, Исланѓаните користат апликација наречена „ÍslendingaApp“, која овозможува да проверите дали делите предци со личноста со која излегувате. Доволно е да ги допрете мобилните телефони, а апликацијата ќе ве извести ако сте во роднинска врска — со популарниот хумористичен слоган:

„Bump the app before you bump in bed.“


(„Активирај ја апликацијата пред да завршите во кревет.“)

Во Рејкјавик се наоѓа „Музеот на пениси“, единствен од својот вид во светот

Можеби најнеобичната атракција на исландската престолнина е „Музејот на пениси“. Во него се изложени повеќе од 200 примероци на пениси од различни цицачи — од китови и фоки до коњи, па дури и човечки. Иако звучи бизарно, музејот е замислен како научно-образовна збирка која секоја година привлекува илјадници љубопитни туристи.


Основачот на музејот, Сигурдур Хјартарсон, го отворил од чиста љубопитност, а денес тој претставува симбол на исландскиот смисол за хумор и нивната отвореност кон сè што е необично.