Ханси Флик беше оној кој иницираше конфликт меѓу Барселона и шпанската Фудбалската Федерација со забелешките кои ги достави до селекторот Луис де ла Фуенте, а два месеци подоцна, се добива впечаток дека ситуацијата полека ескалира.
Германскиот стручњак остана огорчен во ситуација кога Ламин Јамал не беше поштеден од селекторот и кога заработи повреда во месец септември, но тоа резултираше со серија препукувања во јавноста, кои сега ескалираа и изнудија жестоко соопштение од РФЕФ.
Шпанската Федерација во најновото соопштение потенцира дека втор месец по ред е принудена да го отповика Јамал за репрезентативните предизвици, сето тоа како резултат на нечесните процедури кои ги води Барселона како клуб во обидот да ја санира неговата повреда на препоните.
– Медицинските служби на РФЕФ сакаат да го потенцираат непријатното изненадување со кое беа соочени, откако вчера во 13:47 часот дознаа дека играчот Ламин Јамал бил подложен на инвазивна радиофреквентна процедура за третман на неговата пубалгија истото утро, и тоа на денот на почетокот на официјалната концентрација со националниот тим.
– Оваа процедура е спроведена без претходна комуникација со медицинскиот тим на Селекцијата, а ние дознавме детали за истата само од медицинскиот извештај добиен во 22:40 часот вчеравечер, во кој стои и медицинска препорака за одмор од 7-10 дена.
– Соочени со оваа ситуација и секогаш давајќи приоритет на здравјето, безбедноста и благосостојбата на играчот, РФЕФ донесе одлука да го ослободи фудбалерот за следните предизвици. Се надеваме дека рехабилитацијата ќе се одвива поволно и му посакуваме брзо и целосно закрепнување, – гласи објавата на Федерацијата.
Lamine Yamal es desconvocado para jugar contra Georgia y Turquía.
— Selección Española Masculina de Fútbol (@SEFutbol) November 11, 2025
ℹ️ Leer más: https://t.co/atDKuEHhN4 #VamosEspaña | #CopaMundialFIFA pic.twitter.com/18d34HtQdJ











