Обложувањето на професионални спортисти е строго забрането, но многумина не можат да му одолеат на повикот на лесната заработка и сепак го прават тоа. За сузбивање на ваквите појави во САД активно работи ФБИ, кој се обидува да го искорени нелегалното обложување во домашните лиги.
Овој пат на ред дојде „MLB“, односно бејзбол лигата. По кошаркарите Тери Розиер и Чонси Билапс, кои ги прекршија правилата за забрането обложување, покер и коцкарски игри во договор со мафијата, ФБИ уапси уште двајца бејзбол играчи – Емануел Класе и Луис Ортиз.
Two key Guardians players have been out since July.
Emmanuel Clase and Luis Ortiz have been placed on administrative...Posted by Guardians Nation on Tuesday 9 September 2025
ФБИ ја опиша шемата во детаљ
„На 15 јуни 2025 година, против Сиетл Маринерс, Ортиз влезе во игра во втората измена и, наводно преку Класе, кој делувал како посредник, договорил намерно да го фрли првиот удар на одреден начин во замена за 5.000 долари“, стои во извештајот.
Вториот случај следел веднаш потоа:
„На 16 јуни 2025 година, против Сент Луиз Кардиналс, Ортиз повторно ја применил истата шема, овојпат прифаќајќи да го фрли првиот удар во третата измена на истиот начин за 7.000 долари, повторно преку Класе како посредник.“
Тоа фрлање завршило во земја – далеку надвор од ударната зона – и им донело околу 26.000 долари добивка на коцкарите. Класе, според наводите, добил 5.000 долари провизија за посредување во договорот.

Сериозен проблем за американскиот спорт
Ваквите апсења последниве месеци ги преплавија спортските рубрики во САД. Станува збор за огромен проблем за тамошниот спорт, особено затоа што се случуваат во пресрет на два големи настани: следната година САД ќе бидат домаќин на Светското првенство во фудбал, а Лос Анџелес ќе биде домаќин на Олимписките игри за три години.
Американските медиуми предупредуваат дека илегалното обложување веќе не е изолиран инцидент, туку растечка закана што ја поткопува довербата во фер-плејот и интегритетот на спортот.












