Италијанската манекенка и ТВ водителка Мелиса Сата реши јавно да проговори за бизарните обвинувања со кои се соочила – според кои таа, „поради премногу секс“, била виновна за спортските повреди на своите поранешни партнери.
Метата на шпекулации стана за време на нејзините врски со тенисерот Матео Беретини и фудбалерот Кевин-Принс Боатенг, пренесува "Sport Bible".

Обвинувања за „повреди од премногу секс“
Додека била во врска со италијанската тениска ѕвезда Матео Беретини, тој заработил повреда на стомачните мускули – што веднаш поттикнало онлајн тролови да ја обвинат Сата дека е виновна за тоа. Тврдеа дека повредата настанала „поради премногу секс“, обвинување што таа остро го демантирала.

„Штета што повредата е на истото место како и онаа од 2021 година – кога воопшто не го познавав“, изјави Сата во 2023 година, алудирајќи на претходната повреда на Беретини.

„Но, навистина – дали треба јас да им одговарам на тие луѓе?“, се прашуваа таа.

Истата приказна и со поранешниот сопруг
Сата открила дека се соочувала со ист тип на критики и додека била во брак со фудбалерот Кевин-Принс Боатенг, кој во тоа време настапувал за Ајнтрахт Франкфурт и Барселона.

„Патеше од хронична повреда на препоните. И тогаш ме напаѓаа, велејќи дека имаме премногу секс и дека тоа е причината за неговите физички проблеми", објасни таа.

„Тоа е уште еден доказ дека сексизмот постоел и сè уште постои – секогаш жените се тие што ги ’одвлекуваат‘ мажите од фокусот, а ако жена изгуби на натпревар, тогаш вината е во тоа што јаде многу, а не во мажот.“

39-годишната Сата, која во минатото била во врска и со поранешниот фудбалер Кристијан Виери, ја прекинала врската со Беретини во 2024 година и, според нејзините зборови, моментално е слободна.












