Упамекано игра во животна форма, но го нема решено најважното прашање: Ќе ја донесам правилната одлука

Дерби

11/11/2025

13:16

171

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен се доведе во ситуација одново да стравува за фудбалер кој е во последна сезона од договорот, па во наредните неколку месеци ќе мора да го реши прашањето околу Дајот Упамекано.

После долги преговори со Алфонсо Дејвис, Баерн минатата сезона успеа да спречи повторување на случаите „Тони Крос“ и „Давид Алаба“, па иако намерата на баварците е да го повторат тоа и со фантастичниот стопер кој игра во животна форма, на крајот се ќе се зависи од самиот фудбалер, но и неговиот агент.

Баерн поради преголеми барања на агентот реши да го ослободи Лерој Сане на крајот на минатата сезона и не дозволи да биде уценуван, па директорите на клубот се надеваат дека нема да дојде до такво нешто и со претставниците на Упамекано.

Дајот во последно време игра неверојатно добро и неговиот нерешен статус во Баерн прави да биде интересен и за ПСЖ, што значи дека германскиот првак може да се најде во потешкотии да го задржи во својот тим.

– Се надевам дека ќе го решам моето клупско прашање пред стартот на Светското првенство. Мојот агент е задолжен за траа работа и ќе ја донесеме правилната одлука. Добивам добри совети и засега сум фокусиран само на сезоната во која си имам поставено големи цели со Баерн, но и со националниот тим.

– Не мислам многу на иднината, отсекогаш ми било комотно во Баерн и таму имам фантастичен тренер во Компани. Смирен сум од се она што се случува, јас сум под договор со Баерн и има свои цели, но исто така сум благодарен што други клубови се интересираат за мене, – вели Упа во интервјуто за „Лекип“.